НЕЗАБОРАВНИ АВАНТУРИ
ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Во текот на нешто повеќе од една деценија, ТРЕКС организира повеќе независни, непрофитни спортско-рекреативни настани на отворено кои
годишно формираат целосен календар на трки во планинско трчање.
Бездруго, нема настан во трчање во Македонија во кој членови на ТРЕКС не се вклучени како ко-организатори, помагатели, советници, волонтери, но пред сè како учесници.

Трки во планинско трчање

» Искуства кои го менуваат животот: потрага по
себе-откривање
» Исконски локации, кои ги промовираат локалните
пејсажи, култура и заедница
» Внимателно организирани по највисоки стандарди:
безбедност во планина, медицински и логистички
» Пријателска дружба меѓу планинските тркачи, локалните
жители и публика, семејствата и пријателите, волонтерите

Крали Марко Треилс

Водно-Матка Треилс

Охрид Ултра-Треил

Струмина Треил

Панкс Бекјард Ултра

ИСТРАЖИ ГИ СИТЕ НАШИ НАСТАНИ

TRAIL RUNNING EXTREME

Планинското трчање (trail running) е спортска дисциплина која што се изведува во природно опкружување најчесто низ планини, шуми, полиња, кањони, пустињи.
Овие трки на издржливост се одвиваат на секакви патеки и подлоги, со посебен акцент на почитта кон природата.
На трките во планинско трчање вообичаено се совладуваат растојанија од 20км па сè до 300+км.
Најтипични се УЛТРА-ТРКИ (Ultra-trail) од 60км, 80км, 100км и култната дистанца од 100 милји (170 км).

INTERNATIONAL TRAIL RUNNING ASSOCIATION

ТРЕКС е горд член на од самото основање на Меѓународната Асоцијација за Планинско Трчање во 2014. Нашите трки се верификувани од ИТРА и се организираат според меѓународни безбедносни стандарди.

OUTDOOR FRIENDLY PLEDGE

Целта на оваа платформа е да промовира поодржлива практика на спортови на отворено, фокусирајќи се на влијанието врз природната средина со цел да се подобри управувањето со природните ресурси, да се зачува биолошката разновидност и да се залага за поодржливо општество.

ULTRA-TRAIL DU MONT BLANC

Светската серија на UTMB им дава шанса на сите планински тркачи да ја искусат авантурата на најпознатата планинска трка во светот што се одржува во срцето на Алпите околу Мон Блан. Трките на ТРЕКС носат квалификациски бодови за оваа серија со стремеж дека на среден рок еден од нашите настани ќе стане еден од 40те водечки треил настани на најневеројатните локации низ светот.

Нашата визија

Планината претставува едно од најсоодветните места за
рекреирање и практикување на активен и здрав животен стил.
Сè повеќе сме во потрага по прибежишта од стресниот живот во урбаните средини а токму трките во планинско трчање ни нудат тоа што на сите ни е потребно денес - „слобода“

Нашата мисија

Потрага по искуства што го менуваат животот пат кон себе-спознание од првиот до последниот чекор
Создавање на автентични искуства во уникатна македонска природа како мотивација за себенадминување на луѓе од различни возрасти и разни краишта на светот.

Нашите цели

Промоција и развој на авантуристички спортови преку организирање на трки во планинско трчање
» Промоција на активниот животен стил.
» Промоција на Македонија и нејзиниот потенцијал во авантуристичкиот туризам.
» Промоција на македонското кулурно-историско наследство.
» Придонес во развојот на спортовите во природа со фокус на планинското трчање.
» Поставување на Македонија на светската мапа на трки во планинско трчање.
» Поттикнување на морални вредности и етичко однесување: Автентичност; понизност; ферплеј; правичност; почит кон другите; почит кон себеси; почит кон животната средина; солидарност.
СПОНЗОРИРАЈ

Поврзани преку заемна страст

Во 2023 закажани се 4 меѓународни трки во планинско трчање на кои се очекуваат околу 1,300 учесници од 25 држави, помогнати од 150 волонтери и 3,500 навивачи. Нашата целна група се состои од авантуристи на возраст од 35+ години, со високо образование и солидни примања - премиум демографија која демонстрира силна лојалност кон брендови.
Поврзете ги вашите маркетинг активности на начин кој е флексибилен, автентичен, значаен и исполнет со страст.
маркетинг брошура

Пријатели на планинското трчање / Friends of trail running

Hit the trails!

Асоцијација за промоција и управување со проекти и настани во
планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Жиро сметка во Халк Банка: 270069272700140
Единствен матичен Број: 6927270
Единствен Даночен Број: 4058014518005
E-mail: info@trex.mk
Телефон: 072 254 401
Претседател: Жикица Ивановски