Трки во планинско трчање

Потрага по искуства што го менуваат животот пат кон себе-спознание од првиот до последниот чекор! Во текот на нешто повеќе од една деценија,
ТРЕКС организира повеќе независни, непрофитни спортско-рекреативни настани на отворено кои годишно формираат целосен календар на трки во планинско трчање.

Крали Марко Треилс

10 март 2024

Прилеп

11 издание

300+ учесници

15+ држави

Крали Марко Треилс изобилува со митски и духовни мотиви кои ви го одземаат здивот и ве тераат да доаѓате повторно. Настанот во вистинска мера го претставува духовното и културно наследство на пелагонискиот регион во Македонија.
Најстарата и најпопуларна планинска трка во Македонија наречена „Трескавец Треил“ е долга 16км и започнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажни ритчиња ги носи тркачите кон Манастирот Трескавец (13 век) и потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка „Камена Баба Треил“,
исто така започнува од Варошот и ја следи патеката до Манастирот Трескавец и оттаму продолжува низ вонземски карпести предели преку Камена Баба во вкупно 30тина км.
Векови подоцна овие трки се уникатна можност да се следат стапките на Крали Марко, да се истражува и да се стане современ херој!

Крали Марко Треилс 2023 видео

3 минути

Крали Марко Треилс 2018 видео

3 минути

Крали Марко Треилс 2017 видео

2 минути
www.kmt.mk

Водно-Матка Треилс

07 април 2024

Скопје

7 издание

600+ учесници

30+ држави

Авантура која започнува по истапкани шумски патеки од ладовините на планината Водно и преку врвот Крстовар и сртот на Водно води кон мистиката во кањонот Матка. 
Водно-Матка Треилс е целодневен спортски настан во природа кој се состои од три трки — планински маратон од 40км за искусни, средна треил трка од 27км и 10км треил трка идеална за младинци и рекреативци кои сакаат да ги направат првите чекори во планинското трчање.
Учесниците за време на трките имаат
прилика да ги посетат најубавите места на планината Водно и прекрасни места за набљудување на Скопската котлина и планините кои ја опкружуваат — a во далечината и живописниот Шарпланинскиот масив прошаран со остатоците од зимскиот снег.
Водно и кањонот Матка кријат вредни споменици на византиската христијанска култура кои се посетуваат време на трката.

Водно-Матка Треилс 2023 видео

4 минути

Водно-Матка Треилс 2022 видео

2 минути

Водно-Матка Треилс 2021 видео

2 минути

Водно-Матка Треилс 2020 видео

2 минути

Водно-Матка Треилс 2019 видео

3 минути

Водно-Матка Треилс 2018 видео

4 минути
www.VODNOMATKA.mk

Охрид Ултра-Треил

25 мај 2024

Охрид

6 издание

350+ учесници

32+ држави

Охрид Ултра-Треил® со своите 4 трки нуди уникатно искуство во планинско трчање во Македонија, комбинирајќи тешки и лесни патеки, две недопрени езера и совладување високи и изложени планински масиви.
Потопен во континуирана историја уште од античките времиња, градот Охрид покрај Охридското езеро, светско наследство на УНЕСКО ве поканува на незаборавни
авантури во планинско ултра-трчање во Националниот парк Галичица.
А во средината на Охридско и Преспанско езеро е „срцето“, крунисано со планината Галичица која ги дели двете големи езера. Во националниот парк дивите и малку талканите патеки ве водат до најпрекрасните глетки во регионот, одлична можност со растојанија од 20км, 40км, 60км и 100 километри во пролетно време како подготовка за напорните летни ултра-трки.

Охрид Ултра-Треил 2022 видео

2 минути

Охрид Ултра-Треил 2021 видео

6 минути

Охрид Ултра-Треил 2020 видео

6 минути

Охрид Ултра-Треил 2019 видео

3 минути
www.OHRIDULTRATRAIL.com

Струмина Треил

крај на ноември 2024

Штип

10 издание

200+ учесници

5+ држави

Струмина Треил не значи крај на сезоната, туку почеток на зимските подготовки... Кратка ама слатка треил трка во околината на Штип. Должината од 18 км со 750 метри вкупна денивелација е сосем доволна да се истрча под полн гас на сам лактантен праг.
Она е што ја прави трката да одговара речиси за сите: планинари, планински тркачи, атлетичари и рекреативци е токму тоа што не е класична планинска трка, туку повеќе атлетски крос, со кратка должина и мала денивелација. Но за напредните трчачи патеката е исклучително брза со можност да се трча речиси по целата должина.
Секогаш пријатната атмосфера потхранета се традиционалните штипски пастрмајлии по трката, го чинат овој настан најсрдечниот во нашиот годишен календар.
www.facebook.com/struminatrail

Панкс Бекјард Ултра

декември 2024

Гевгелија

2 издание

150+ учесници

10+ држави

Бекјард Ултра не е типична атлетска трка; тоа е тест на издржливоста, одлучноста и другарството. Замислете се да трчате во круг со точно 6.706 км должина во одреден временски период, повторно, сè додека не остане само еден тркач. Предизвикот не се состои само во завршувањето на секој круг, туку и во тоа да го направите тоа во дозволеното време, поместувајќи ги физичките и менталните граници до крај.
www.backyardultra.trex.mk

Пријатели на планинското трчање / Friends of trail running

Hit the trails!

Асоцијација за промоција и управување со проекти и настани во
планинско трчање и други планински спортови ТРЕКС
Адреса: Ибе Паликуќа 17, 1000 Скопје
Жиро сметка во Халк Банка: 270069272700140
Единствен матичен Број: 6927270
Единствен Даночен Број: 4058014518005
E-mail: info@trex.mk
Телефон: 072 254 401
Претседател: Жикица Ивановски
homeusersearthhistory