МОТИВАЦИЈА ЗА СЕКОЈ ДЕН

Трчање во низа

напишано од ЖИКИЦА ИВАНОВСКИ

Историја

Трчањето во низа  секојдневно датира повеќе од пола век и е долго повеќе од 52 години. Од тоа што јас успеав да најдам е онаа на Рон Хил од Англија 52 години и 39 дена(податок од Ранерс Ворлд) и на Џон Сатерленд 52 години и 22 дена(податок од Аутсајд магазин). Рон Хил ја има прекинато својата низа на 29.01.2017 година со што Џон Сатерленд официјално е човекот со најдолга низа.

Почеток

Јас мојата низа ја започнав на 19.12.2021 година без намера да направам подолга низа. Случајно врзав една седмица секојдневно трчање со дистанци од 8-11км како што си трчав и обично. Идејата за ова дојде после 10 дена кога поради обврски истрчав само 2.5км. Веројатно најкраткото трчање кое сум го имал до тогаш, а сепак го имав она задоволство како по секое „нормално“ трчање од 8-11км. Тогаш решив да се обидам тоа да го правам секој ден за една година. Како долна граница си поставив минумим 2км што беше реално изводлива дистанца. 

Откако си ја поставив целта веќе беше се полесно. Ретко да имав денови кога немав мотивација за трчање. Мислам дека беа само 2-3 такви дена во цела година.  Почнав да уживав и во тие кратки трчања а како што одминуваше времето така и тие кратки трчања ми стануваа потреба.

Паралелно со низата си поставив цел за 2022 година да надминам 3.000км. Ова не претставуваше поголем проблем. Имав истрчано 3.179км или просечно 8.7км на ден.

Пречки

Како и во се во животот и овде се појавија некои пречки. За среќа немав повреда иако очекував да случи. Мислам дека оваа низа делува/ше превентивно во поглед на повредите. Затоа пак се случи да фатам корона и 10 дена иако бев во изолација излегував доцна навечер да ја одржам низата. Имаше период кога трчав со температура но после трчањето се чувствував многу подобро. Најтешко беше трчањето со дијареа кога за 2км морав три пати да застанувам за тоалет. Најмногу од се ме плашеше помислата дека некој ден ќе заборавам да истрчам. Па така една вечер пред да појдам на спиење почнав да се туширам и се сетив дека не сум трчал тој ден.  

Предности

Голем дел од овие кратки трчања што ги правев беа со навистина лесен ритам. Некогаш и со 7:00-7:30 мин/км. Повеќе наликуваа на опоравување или загревање за некое побрзо трчање. Најголема предност од низата почувствував на долгите трчања особено на ултрамаратоните кога тој бавен ритам на трчање е неизбежен. Како што се зголемуваше низата така и трчањата беа се полесни. Дури и по 100-те милји на Пирин немав проблем да ја продолжам низата наредниот ден.

Недостатоци

Најмногу од се би го истакнал трчањето доцна навечер. Кога имав во план да истрчам само кратко тоа го оставав за најчесто за крај обично после 22ч. Како второ немав доволно време да посветам да возењето велосипед, а кога го правев тоа се трудев да истрчам претходно. 

Што понатаму

Откако помина една година секојдневно трчање сфатив дека би сакал да ја продолжам оваа низа што подолго се додека не почуствувам дека таа влијае негативно на мене или мојата околина. 

Прочитај повеќе

Листа на најдолги низи https://www.runeveryday.com/usa-active-streaks.php 

Интервју со Џон Сатерленд https://www.lifetimerunning.net/2019/05/profile-jon-sutherland-has-run-every.html

Календар на трки на ТРЕКС во 2023 https://trex.mk/events/

Hit the trails!

Association for promotion and management of projects and events in
mountain running and other mountain sports TREX
Address: Ibe Palikjuka street 17, 1000 Skopje
Bank account no.: 270069272700140
Entity ID number: 6927270
Entity Tax number: 4058014518005
E-mail: info@trex.mk
Phone: +389 72 254 401
President: Zikica Ivanovski