02.04.2014

Планинска трка на Осогово (Пониква-Руен) (Osogovo Trail Ponikva-Ruen)

Планинска трка на Осогово (Osogovo Trail) – Пониква, Царев Врв, Руен и назад – 30 март 2014

Последниот подолг тренинг пред Изник решивме да го направиме на Осогово и поради терените кои ги нуди за трчање и поради должината која планиравме да ја истрчаме. Поточно планирано беше да формираме две групи од кои едната би трчала од Пониква до Царев Врв и назад, а другата од Пониква до Руен и назад. Само што влеговме во летното сметање на времето со еден час помалку спиење и околу 7.30 часот бевме на паркингот на Пониква. Од таму ние десетината што веќе пристигнавме се упативме со трчање наjпрвo кон Царев Врв додека останатите решија да пешачат кон Царев Врв. Во меѓувреме пристигна и екипа планинари од Кочани.

SAM_2301

SAM_2309

Временските услови беа идеални, патеката исто така. Некаде пред самиот врв почнавме да газиме по снег со длабочина до глуждови. По 2 часа и 20 минути бевме на врвот со веќе прокиснати патики и полусмрзнати стапала. Само што се комплетиравме одлучивме да тргнеме кон Руен. Ени реши да се врати назад, а Тања и Марјан некако колебливо ни се придружија малку подоцна.

SAM_2311

SAM_2315

SAM_2317

SAM_2335

SAM_2339

SAM_2344

Како што се симнувавме од Царев Врв времето стануваше сè потопло, а нашите резерви со вода сè помали. Спасот го гледавме во чешмата под Руен. А таму единствено од полузатрупаните знаци со снег можеше да се претпостави дека има чешма која беше комплетно затрупана. Затоа решивме да се обидеме да побараме вода во заслонот на бугарската страна. И за среќа Бугарите многу паметно го имаа решено ова. Неколку пакети флаширана вода чекаа на масичката. Земавме две шишиња и братски си ги поделивме меѓу себе. Таман колку да имаме за враќање.

SAM_2346

SAM_2351

SAM_2353

SAM_2357

SAM_2359

SAM_2365

SAM_2367

SAM_2373

Остануваше уште потешкиот дел. Враќањето назад. Веќе бевме доволно уморни па почнаа да се појавуваат и првите симптоми на каење што отидовме до Руен. Знаевме дека штом ќе стигнеме пак на Царев Врв сè ќе биде полесно. Така некако и бидна. Спуштајќи се од Царев Врв најдовме изворче со вода со што решивме еден голем проблем. Од таму секој со свое темпо си го фати патот за назад. Кај бачилото близу до Пониква нè пречека групата планинари кои ни честитаа за подвигот. Изминавме 48 km за околу 7 часа и триесет минути што не беше во согласност со предвидениот тренинг, но имајќи ги предвид условите кои што ги имавме можевме да бидеме задоволни од сработеното.

SAM_2379

Технички податоци:

Должина на патеката: 48 km
Висинска разлика (вкупно искачување): 2.000 m

Ponikva-CV-Ruen-Pateka

Ponikva-CV-Ruen-Profil

Повеќе фотографии можете да видите на следниот линк:
https://plus.google.com/photos/117670370775049603827

Автор: Жикица Ивановски 

Copyright © Soflyy

Copyright © 2019 TREX

linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram