25.09.2014

Вертикал километар трка на Среден Камен 2014 (Middle Rock Vertical Kilometer 2014)

Планинска трка од типот скај ранинг (sky running) – по вертикален, стрмен терен (Vertical Kilometer)

Локација: Шар Планина – старт Горна Лешница (1.747 m) – цел Титов Врв (2.747 m)

На 21 септември 2014 за прв пат се одржа планинска трка на овој извонредно атрактивен и див терен на Шар Планина – од кај бачилото на Горна Лешница преку седлото под Среден Камен до Титов Врв – највисокиот врв на Шар Планина.

И покрај променливите временски услови со дожд и ветар во изминатите денови, на стартот се појавија 29 натпреварувачи. Тоа беше тешка трка во која дуваше засилен ветар, а имаше и облак /магла во горниот, претежно карпест дел од патеката. Успешно ја завршија 26 натпреварувачи. Победник е Марјан Бонев со време од 57 минути и 14 секунди.

MRVK-Aug-2014

IMG_8794

IMG_8796

IMG_8800

IMG_8802

IMG_8806

IMG_8809

IMG_8820

IMG_8824

IMG_8828

Copyright © Soflyy

Copyright © 2019 TREX

linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram