16.03.2017

Луѓе како нас 2017

Во одлична атмосфера, дружба и посетеност се одржа четвртото издание на филмскиот фестивал за планинско трчање „Луѓе како Нас 2017”

Оваа среда на 29.03.2017 на сменета локација - Кинотека на Македонија, но со повторно одлична програма и гости се одржа четвртото издание на филмскиот фестивал „Луѓе како Нас” кој го прикажува светот на планинското и ултра-трчањето. Идејата и суштината на фестивалот е да се долови и прикаже челичната волја, карактер, мотивација и сите позитивни квалитети кои во себе ги крие овој спорт преку интересни видео записи, кратки филмчиња и дела.  

Во неколкучасовната програма поделена во три блока беа прикажани повеќе интересни филмчиња како The Crown Traverse, Running with the Belles, The Hard Way, Ultra Trail Gobi Race, како и некои промо видеа од трки ширум светот. Од домашниот репертоар беше прикажан трејлерот за седмото издание на трката Крали Марко Треилс која ќе се одржи во септември 2017 година.

Оваа година специјални гости на фестивалот беа бугарските ултра-маратонци Марија Николова, Константин Атанасов и Ивајло Атанасов со кои се одржа интересен разговор на повеќе различни теми околу трчањето на наше локално ниво, компарација со светските изданија, анегдоти околу трките и начин на припреми за ваков тип на настани.

ГАЛЕРИЈА

Copyright © Soflyy

Copyright © 2019 TREX

linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram