01.09.2018

Kitka Trail Run 2018

Во организација на ПСК „Драчево - Филип Чакаров и „ТРЕКС, на планината Китка, во близина на нас. Драчево, за прв пат ќе се одржи планинска трка „Kitka Trail Run”, која ќе биде првата планинска трка на територијата на општина Кисела Вода.
Настанот ќе се состои од пократка трка - Shpela Run и подолга - Kitka Run.

Оваа година за прв пат на територија на општина Кисела Вода и планината Китка се одржа трка во планинско трчање - Китка Треил Ран.

На 14.10.2018 во организација на ПСК Драчево „Филип Чакаров" се одржа трката Китка Треил Ран, настан во планинско трчање каде централно внимание имаа две планински трки со различна должина и тежина.

Подолгата патека „Китка Ран" одеше од месноста Три Круши (старт и финиш на трката), селото Вртекица, врвот Китка и домот Китка и пештерата Шпела откаде повторно се враќа на Три Круши. На истата учествуваа 50 тркачи кои се предизвикаа во неколку часа да изминат некои од најубавите предели на планината Китка. Должината на патеката беше 27 километри со 1400 висински метри.

Најбрз на оваа трка беше Александар Стојкоски со време од 2:38:01, втор беше Никола Илиевски 3:05:17, а на делба на третата позиција Игор Јовановски и Жикица Ивановски со време од 3:07:07.

Кај жените, прва беше Сања Најдовски 3:49:44, второ место беше Катерина Николовска 4:23:27, а трета Лила Крстевска 4:26:55.

На помалата трка „Шпела Ран", пак, учество земаа 53 натпреварувачи кои ја посетија пештерата Шпела во близина на селото Вртекица.

Најдобрите тројца во машка категорија беа: Михаел ван Белен од Белгија 1:06:26, Марио Вељанов 1:11:00, Александар Талески 1:13:04, а кај жените Марија Пеликон 1:27:39, Андријана Спировска 1:28:29 и Елена Ртоска 1:36:20.

Сите резултати може да се погледнат тука.

ОПИС SHPELA RUN
Стартот е на локалитетот Три Круши. Се поаѓа по широк земјен пат кон селото Вртекица. Оваа делница е со должина од 6км при што се совладува висинска разлика од 250м. Тука се наоѓа првата контролна и освежителна точка (кај чешмите во селото).
Од селото по планинската патека према селото Рамни Габер се поаѓа кон пештерата Шпела. Кога ќе се стигне до патот за автомобили се врти десно кон пештерата, каде се наоѓа втората контролна точка. Во оваа делница се совладуваат уште 103м.
Од пештерата се продолжува до приклучокот на патеката за Kitka Trail по што започнува симнувањето надолу до селото Вртекица каде повторно се поминува контролната точка.
Од тука повторно по земјениот пат се враќа до Три Круши каде е и финишот.
Целата патека е со должина од 14км и се совладува виснинска разлика од 400м.
Старт на трката:10:00 часот
Должина на патеката: 14km
Вкупна висинска разлика: 400 m
Котизација: 250ден.
Содржина на стартен пакет: стартен број, маичка со логото на настанот, онлајн диплома, медали за првите тројца во женска и машка категорија, користење на освежителните станици и оброк на крајот од трката
преглед на gps запис: https://tracedetrail.com/en/trace/trace/68027
download: https://drive.google.com/open?id=1Li8Bpfx175UU9h5UxhfDVyZVdMw04QMf

ОПИС KITKA RUN
Стартот е на локалитетот Три Круши. Се поаѓа по широк земјен пат кон селото Вртекица. Оваа делница е со должина од 6км при што се совладува висинска разлика од 250м. Тука се наоѓа првата контролна и освежителна точка (кај чешмите во селото).
Од селото по планинската патека према врвот Китка се почнува со искачување. По означената шумска патека се трча се до седлото помеѓу врвовите Китка и Красна. Потоа се продолжува по широкиот пат за возила до почетокот на шумата каде почнува нагло искачување кон врвот.
На врвот Китка има контролна точка која е највисоката точка на целата трка (1550 м.н.в.) , а потоа се продолжува по сртот на планината кон планинарскиот дом Китка кон кој се пристапува од јужна страна.
Во домот има уште една контролна но и освежителна точка. Од тука се продолжува кон седлото со што се пристига на истата патека како за искачувањето
Следно, се симнува по седлото се до точката каде е двоењето помеѓу двете патеки (за нагоре и надоле).
Оваа делница од патеката е во предел со густа шума и трае се до спојувањето со патеката за Shpela Trail. Во оваа делница се поминува т.н. Партизанска чешма каде може да се наполни вода. Кај пештерата има контролна точка. Од тука се продолжува до селото Вртекица каде повторно има контролна точка и од каде по широкиот земјен пат се продолжува до финишот на Три Круши.
Старт на трката:09:00 часот
Должина на патеката: 28km
Вкупна висинска разлика: 1350 m
Котизација: 500ден.
Содржина на стартен пакет: стартен број, Dry fit маичка со логото на настанот, онлајн диплома, финишерски медал за сите учесници, пехари за првите тројца во женска и машка категорија, користење на освежителните станици и оброк на крајот од трката
преглед на gps запис: https://tracedetrail.com/en/trace/trace/68026
download: https://drive.google.com/open?id=1JVQds4RyyQt1xFxvz_5KynZ0SPPd_rls

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ДВЕТЕ ТРКИ Е 07.10.2018 ГОДИНА
Линк за пријавување: https://goo.gl/forms/gCHuG0PiQzwd1VP73
За начинот на плаќање ќе бидете благовремено известени.
Броеви за информации:
070 323150 - Јане
071 266047- Филип

Copyright © Soflyy

Copyright © 2019 TREX

linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram