14.02.2014

Вертикал километар трка на Церипашина (Ceripasina Vertical Kilometer) – 12.1.2014

Почна новата година, а со тоа започнува и новата спортска сезона. За да одат работите напред, ете се потрудивме да организираме трка во планинско трчање од серијалот Вертикал километар трки на Церепашина (Ceripasina Vertical Kilometer), но овој пат во зимски услови – на снег. Интересен предизвик кој го прифатија дваесетина натпреварувачи од Македонија, дел од нив планински тркачи, дел планинари кои сакаат да пробаат нешто ново. За среќа и времето се погоди доволно убаво, сончево со по некое облаче, температурата беше околу нулата и дуваше слаб ветар. Само на делот околу врвот Церипашина дуваше нешто посилен ветар. Во вакви околности трката помина во најдобар ред и постигнатиот резултат е навистина одличен – 59 минути и 13 секунди.

Дел од организаторите на трката меѓу кои и јас, дојдоа уште во саботата да ја маркирааат патеката и да се погрижат за другите потребни работи. Престојувавме во планинарскиот дом „Смрека“ за кој се грижи ПД Трансверзалец на кои им се заблагодаруваме за гостопримството и помошта.

Стартот беше закажан за 10 часот. Уште од околу 9 часот почнаа да пристигнуваат првите натпреварувачи. На просторот кај ски-лифтот Тетекс се собра поголема група натпреварувачи и публика – пријатели и роднини на натпреварувачите. Присуствуваше и телевизиска екипа на ТВ Кисс од Тетово која сними прилог за трката.

Во 10 часот започна трката и веќе на самиот почеток водството го презема Марјан Бонев и тоа водство го одржуваше и зголемуваше до крајот.


Стартот на трката

Трката се одвиваше од ски-лифтот Тетекс покрај двоседот и потоа по столбовите сè до крајот на жичницата Церипашина. Тука имаше волонтер кој им делеше чај на натпреварувачите. Патеката продолжуваше уште нагоре до самиот врв каде што имаше судија кој го проверуваше поминувањето на натпреварувачите. Потоа следуваше спуштање кон Бобинова Стена и на крајот многу стрмно искачување по сртот на Антени сè до целта.


Последната стрмнина пред целта – стрмниот срт на Антени


Целта е сè поблиску

На целта, победникот Бонев пристигна за 59 минути и 13 секунди што е одличен резултат – само неколку минути побавно од неговиот рекорд што го постигна во октомври на сув терен. Втор беше Жикица Ивановски, а трет Александар Симјаноски. Во женска конкуренција победи Светлана Стојаноска пред Тања Пенева и Ангелина Барбировска.


Приближување на победникот кон целта

Второ место – Жикица Ивановски


Прва во женска конкуренција – Светлана Стојаноска


Прогласување на победниците во планинарскиот дом „Смрека“

Еве ги комплетните резултати:

поз.

Име и презиме

време

кат.

поз.кат.

1.

Марјан Бонев

59:13

М

1

2.

Жикица Ивановски

1:07:38

М

2

3.

Александар Симјаноски

1:13:20

М

3

4.

Срѓан Милошевски

1:15:20

М

4

5.

Благоја Ацковски

1:17:50

М

5

6.

Јовица Јованчев

1:23:00

М

6

7.

Марјан Чаушевски

1:23:20

М

7

8.

Мики Стефанов

1:24:00

М

8

9.

Гордан Петровски

1:35:50

М

9

10.

Светлана Стојаноска

1:39:45

F

1

11.

Ивица Митровски

1:40:00

М

10

12.

Тања Пенева

1:44:15

F

2

13.

Ангелина Барбировска

1:44.45

F

3

14.

Борче Милосковски

1.53:50

М

11

15.

Александар Силјаноски

2:09:30

М

12

16.

Горан Велковски

2:10:00

М

13

Се одржа убава трка, се продолжи традицијата на Вертикал километар трки на Церипашина (Ceripasina Vertical Kilometer) и тоа во зимски услови. Се гледаме на некоја следна трка.

Текст: Трајче Панковски
Фотографии: Петар Герасимов, Трајче Панковски

Copyright © Soflyy

Copyright © 2019 TREX

linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram