09.02.2015

Ceripasina Vertical Kilometer 2015

На 8 февруари 2015 (недела) се одржа второто зимско издание на трката Ceripasina Vertical Kilometer. Локација позната - ски центар Попова Шапка.  Стартот закажан за 10h од кај почетокот на ски-лифтот "Тетекс".

Img-0010

Претходниот ден една помала екипа дојде  да ја провери и измаркира патеката и да ги направи другите потребни подготовки. Осамна мирно зимско утро, но како што почна да се ближи времето за старт на трката, се појавуваше засилен ветар и на моменти пропрскуваше ситен снег. Во консултација со екипата на судии и волонтери кои беа на Церипашина - донесовме одлука да ја скратиме трката до крајот на жичарата на Церипашина поради силниот ветар во правец на врвот Антени.

На стартот се појавија 24 натпреварувачи, што е одлична бројка на учесници кои се охрабрија да дојдат на вакви временски услови - знак дека расте интересот за ваков тип на предизвици, а и нивото на самите натпреварувачи мораме да кажеме дека беше многу солидно. И особено ми е драго што се појавија луѓе од различни спортски гранки : трчачи, планинари, алпинисти, велосипедисти и скијачи.

Img-0050стартот на трката

Img-0060

Во горниот дел на патеката натпреварувачите се бореа со силниот ветар и ситните снегулки кои им дуваа директно во лице и гради. Честитки до сите нив, дека храбро се соочија со предизвикот. Огромна благодарност и за судиите и волонтерите кои беа на целта и им помагаа на натпреварувачите, им делеа чај и нешто храна за окрепа.

Img-0090победникот - Марјан Бонев - 41:35

Img-0100вториот и третиот - Александар Кирковски и Жикица Ивановски

Img-0110тројцата првопласирани

Img-0240прва од девојките - Emily Nagle од USA

Img-0260Emily со второпласираната Маја Шулиќ и судијката Светлана Стојаноска

Натпреварувачите се вратија во пл.дом. "Смрека". Како што ни кажаа - си направиле многу интересна забава надолу, со трчање, лизгање и паѓање, така да тоа им било вистинско уживање. Сите среќни и задоволни се пресоблекоа, се затоплија и окрепија со храна и пијалоци. Подоцна направивме и прогласување на победниците. На настанот беа присутни и поголема група планинари од ПСД Макпетрол кои имаа вежби за користење на техники во зимски услови, како и други планинари кои дојдоа во неделата во домот "Смрека".

Еве ги резултатите :

  1. Марјан Бонев,  41:35
  2. Александар Кирковски, 42:59
  3. Жикица Ивановски, 43:08
  4. Виктор Ефремнов, 46:47
  5. Александар Симјаноски, 47:53
  6. Јовица Јованчев, 48:58
  7. Дејан Тодевски, 49:23
  8. Игор Јовановски, 54:18
  9. Михаил Стефанов, 54:30
  10. Срѓан Милошевски, 55:00
  11. Кирил Стефановски, 56:50
  12. Екалабија Божинов, 57:34
  13. Димитар Поповски, 59:59
  14. Игор Пирковски, 01:01:15
  15. Борче Милосковски, 01:02:35
  16. Emily Nagle, 01:05:48
  17. Владимир Спасовски, 01:08:18
  18. Драган Петровски, 01:10:05
  19. Деан Тодоров, 01:12:20
  20. Кристијан Огњановски, 01:13:25
  21. Маја Шулиќ, 01:13:26
  22. Игор Марковски, 02:08:00
  23. Дејан Доневски, DNF
  24. 24. Дарко Нaсов, DNF

Додека траеше главната трка, за деца и родители направивме една мала трка - трка која уште од минатата година им ја ветивме на децата - Downhill - трка по удолница. Најдовме еден терен во должина од некои 300-400 метри и тука децата, а и родителите, со трчање, паѓање, лизгање на газ и други атракции - многу убаво се забавуваа. Дефинитивно нешто што треба да се продолжи како традиција и да се омасови идната година.

Img-0330од трката по удолница

Img-0370

Img-0410

Поздрав до сите учесници на настанот и се гледаме на некоја нова авантура.

Copyright © Soflyy

Copyright © 2019 TREX

linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram