25.02.2015

Момата трејл - тестирање на патеката

На иницијатива на прилепската група на членови на TREX на 14 јуни ќе се организира за прв пат Momata Rock Trail - планинска трка во должина од околу 15 km со околу 1000 m вкупна висинска разлика.

Една екипа од 11 членови се собравме во саботата на 21 февруари за да направиме обиколка и да ја испитаме патеката. Бидејќи 15 km ни беа некако малку - за да ни се исплати патувањето од Скопје, Штип и Тетово, продолживме со трчањето за да направиме 24, односно 28 km.

IMG_9652Момата

Во прекрасни временски услови, сонце и температура околу 5-6 степени појдовме од кај манастирот св. Димитрија, во близина на селото Селце, на само 4 km од центарот на градот Прилеп. На стартот ни се придружија уште неколку членови кои не можеа поради обврски да бидат со нас на патеката.

По навистина извонредно време и по многу пријатни патчиња уживавме во убавините на природата и глетките околу нас.

IMG_9641

IMG_9644

Во првиот дел се движиме во благо спуштање во правец на Прилеп, а потоа скршнуваме кај една чешма назад, од другата страна на ридот. Патеката уште поубава за трчање. Наскоро доаѓаме во висина на манастирот и продолжуваме сега нагоре - кај карпата Момата - заштитниот знак на трката. По Момата почнува пострмен и со повеќе карпи терен, но затоа навистина убав и интересен. Наскоро навлегуваме во повисоките делови на Селечка планина и почнуваме да трчаме и одиме по снег. Стигнуваме до под сртот - таму има мал но многу убав планинарски дом. Правиме мал одмор и продолжуваме нагоре по стрмен терен, а во горниот дел има и подлабог снег - но комбинацијата на сонце и снег го прави доживувањето фантастично.

IMG_9654

IMG_9678

IMG_9679

Откако излегуваме на сртот на Селечка, гледаме околу - од десно Пелагонија, Солунска Глава, напред Пелистер и Галичица, лево Мариово, Кајмакчалан, Кожуф... Се спуштаме малку подолу и пак сме на трева - трчаме по сртот во должина од неколку километри - можеби најпријатниот дел од патеката.

IMG_9686

Бевме поделени во две групи - едната се симна кон Селце, па преку селата Волково и Прилепец стигнува до манастирот св. Никола - Прилепец. Ние, втора група им одиме во пресрет и се наоѓаме кај манастирот во временски интервал од 5 минути. Правиме тука мала пауза и средба со домаќините, па секоја група си продолжува по својот пат.

IMG_9697

IMG_9699

Patekata

Copyright © Soflyy

Copyright © 2019 TREX

linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram