02.06.2015

Мариово Off Road Experience 2015

Екипата на TREX и оваа година ја имаше честа да биде дел од еден прекрасен неколку дневен настан - фестивал посветен на еден регион заборавен од сите но прекрасен, денови посветени на спорт и дружење.

Дел од нашата екипа пристигна во петокот на 29 мај. Нешто пред да се стемни поставивме шатори во логорот во местото Манастир - епицентарот на збиднувањата за време на овој фестивал. Вечерта имаше музика и презентации на филмови од областа на нашите спортови - велосипедизам, качување, планинско трчање... меѓу нив беа прикажани и "Krali Marko Trails 2014" на Игор Јовановски и "Под облаците" на Јовица и Христена Јованчеви.

Саботата осамна убаво топло и сончево утро, иако од повеќемина околу нас имаше жалби дека било доста ладно за време на ноќта. Се огранизиравме со возила една екипа од можеби 15 учесници и појдовме до село Витолиште - последното село до кое има асфалтен пат. Оттаму почнавме со трчање по околните ридови. Стигнавме до село Живово и потоа се искачивме на ридот над селото. Се спуштивме од другата страна во длабоката долината која паѓа се до Црна Река. Ненаселеноста на овој крај си го направила своето па патеките беа многу зараснати, па дури на некои места веќе и се губеше патеката така да на неколку пати си влегувавме во за нас вообичаени авантури на барање на патот, буткање низ густи шумички, трња и коприви. Но секако по некое време се ќе си дојде на свое место, ќе излеземе на патот и - одиме понатаму.

По завршената тура сите на заслужено пиво пред кооперацијата во село Витолиште.

Резиме на денот - една група измина 21,5 km втора група 38 km

IMG_0314
на поаѓање од село Витолиште

IMG_0329
долината на Црна Река кај село Врпско

IMG_0339на заслужено пивце

Попладнето се вративме во кампот. Имаше разни интересни активности а вечерта голема журка и настап на рок бенд. Потоа сите на спиење за да се одмориме за идниот главен спортски ден.

Утрото екипата се дополни со уште членови кои пристигнаа од Прилеп и од Скопје. Појдовме околу 10 часот од кампот и се упативме по пошироки патеки кон село Бешиште. Пред селото се споивме со групата на велосипедисти и понатаму речиси цело време се среќававме со нив и беше прилично интересно. По некое време се спуштивме во еден долот на реката Сатока кај манастирот св. Петка па потоа пак нагоре. Тука, нешто пред село Градешница се упативме преку Змејкова Чука и Кулите во правец на село Зович - пресековме ептен off-road по трева и цвеќиња и бепе навистина уживање да се движиме по недопрена природа. Излеговме токму над познатиот мост на Градешка река. Тука пак се сретнавме со велосипедистите. Отидовме до селото и одморивме едно половина час - пак со по едно пиво. Потоа продолживме кон село Манастир да се затвори кругот.

Втора екипа одеше речиси иста патека како и велосипедистите. Едните направивме 36 km а другите 47 km тој ден.

Сите задоволни од прекрасните доживувања во изминатите денови си тргнавме кон дома. Имавме чувство како да сме биле еден месец отсутни - тоа е она што го дава интензивното престојување во природа.

IMG_0348
пред поаѓање во недела

IMG_0362заедно со бајкерите после село Бешиште

IMG_0368 преку Сатока

IMG_0373off road indeed

IMG_0380се спуштаме кон познатиот мост од ридот Буљак

IMG_0383мостот на Градешка река со меѓународно реноме

IMG_0392на враќање кон село Манастир

Copyright © Soflyy

Copyright © 2019 TREX

linkedin facebook pinterest youtube rss twitter instagram facebook-blank rss-blank linkedin-blank pinterest youtube twitter instagram